Евакуирани студентите од Градежен и Архитектонски – пожар во Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии

Евакуирани студентите од Градежен и Архитектонски – пожар во Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии



Пожар изби утрово во Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии во Скопје. Објектот е споен со зградата на Градежниот факултет, на булеварот „Партизански одреди“. Од објектот се шири густ чад.

Неофицијално, евакуирани се студентите и сиот кадар од Архитектонскиот и од Градежниот факултет, како и од Заводот. Екипи на противпожарната служба од Скопје веќе се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Според последните информации, пожарот е ставен под контрола.