КТМ Проект вработува! Отворени се 10 работни позиции

КТМ Проект вработува! Отворени се 10 работни позиции




КТМ Проект ДООЕЛ од Скопје е компанија која е дел од PoliPanel Group и е специјализирана за тестирање, комисионирање и валидација на чисти простори и стерилни зони, како и за дизајнирање и изведба на системи за третирање на воздухот во чистите простори. Нашите услуги се наменети за компании од фармацевстката индустрија, микро-електрониката и здравството.

КТМ Проект има потреба од 10 работници и тоа: електро монтери , монтажери , клима монтери и гипсари.

За заинтересираните кандидати нудиме динамична и потикнувачка работна средина. Избраните кандидати би работел на проекти во Македонија и во странство.
Сите заинтересирани можат да го испратат своето резиме проследено со мотивационо писмо на е-меил адреса oliver.tonovski@polipanelgroup.com.