Лекарите реконструирале 80 проценти од кожата на болно момче

Лекарите реконструирале 80 проценти од кожата на болно момче

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Постои ретка болест која предизвикува човечката кожа да биде многу ранлива, до тој степен што може да се создадат плускавци и пукнатини од многу едноставни и мали дејствија, како чешање и триење. Иако погодува помалку од еден милион луѓе на светот, сепак, е состојба која бара третман бидејќи може да направи многу штетни промени во животот на човекот.

фото извор: Sciencing

Ваква состојба била дијагностицирана и кај 7-годишно дете кое било донесено во болница во Германија во 2015 година. Речиси 80 проценти од неговата кожа биле оштетени. Традиционалните лекови не помогнале, па родителите дозволиле неговата кожа да се „реконструира“. Професорот Мишел де Лука од Италија, со неговиот тим, развил техника за третирање на оваа болест – прикачување на генетички модифицирани кожни графтови во дермисот, внатрешниот слој од ткивото што ја создава кожата.

И претходно била правена генетичка модификација која давала различни резултати. Но, тимот  на Де Лука користел 20 % кожни клетки од телото на детето и ги искористил за да создаде протеински култури ослободени од болеста. Тие култури се користеле за да се креираат епидермални графтови, кои потоа се користеле за замена на изгубената кожа. Детето било пуштено од болница во февруари 2016 година, 21 месец по третата и последна операција. Потоа било испитувано уште еднаш, за да се забележи дека целосно заздравило и сега има поздрава кожа. Сепак, лекарите истакнуваат дека момчето било екстремен случај, па ваквиот третман не треба да се применува кај сите пациенти.

Уште не е познато колку време кожата на момчето ќе биде здрава, што значи дека ќе треба да се направат дополнителни испитувања како што ќе расте. Сепак, овој успех можеби е првиот чекор кон победата во борбата против оваа болест и кон отворањето нов пат за третирање на состојбата.