Терапија за брза трансформација

Терапија за брза трансформација

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Ледена карпа
(Фото: Pixabay)


Сите ја знаеме приказната зошто потона „Титаник“... бидејќи удри во ледена карпа.

Таа ноќ, на 15 април 1912 година, капетанот Едвард Смит го превидел фактот дека видливиот дел од карпата, односно делот што се наоѓа над морската површина, изнесува само една десеттина од нејзината вкупна големина...

Дали знаете дека свесниот дел од вашиот ум, односно делот кој го користите при носење логични и рационални одлуки, изнесува само една десеттина од целиот ум? Оној многу, многу поголем дел што лежи скриен под површината и управува со вашите емоции и навики, кој ги содржи сите ваши сеќавања и верувања, се нарекува потсвест.

И тој потсвесен ум е апсолутниот владетел на вашиот живот.

Тој ги диктира вашите однесувања затоа што тие се одредени од вашите уверувања, а со седмата година од својот живот сте создале повеќе од 50% од вкупните уверувања кои ДЕНЕС одредуваат како ќе живеете.

Звучи неверојатно... но научно е докажано.

И затоа можете да се обидете со разум и логика да го промените својот живот, да ја употребите целата сила на волјата да промените нешто од кое не сте задоволни, но... силата на волјата се наоѓа во оној мал дел од ледената карпа кој се гледа над водата... Големиот дел кој на прв поглед е невидлив и се наоѓа длабоко надолу е вистинскиот ГАЗДА, кој секогаш победува.

Затоа, ако долго време се обидувате копајќи по свесниот ум да ги решите проблемите со прекумерна тежина, депресија, анксиозност, зависност, неможност да го контролирате стресот, чувство на вина... и чувствувате дека тоа не ви помага, треба да се обидете да го решите проблемот на местото каде што се наоѓа „клучот“ – во вашата потсвест.

Терапијата за брза трансформација (ТБТ) е метода кога се доаѓа до местото каде што е создаден проблемот. И само таму може да се реши, брзо и засекогаш.

Терапијата се заснова на научна метода за изменување на мозочните бранови од „бета“ во „алфа“ состојба преку хипноза и користи низа техники преку кои станувате свесни за застарените уверувања што одамна сте ги создале, а денес управуваат со вашиот живот, па самите ги менувате, под стручно водство на терапевт за брза трансформација.

ТБТ е терапевтска метода која е развиена од Мариса Пеер врз база на нејзината триесетгодишна практика како терапевт, за што добила признание за најдобар британски терапевт. Таа ја развила оваа метода низ светот како револуционерна на подрачјето на трајно и ефикасно разрешување на различни видови психолошки и физички тегоби.

Оваа метода обединува различни позитивни аспекти на терапевтски техники користејќи ја хипнозата како научна метода, со која се пристапува кон потсвесниот ум.
Една терапија трае од 90 до 120 минути, и најчесто е доволна само една сеанса за трајно решавање на проблемот. За разлика од класичната психотерапија, која може да трае со години затоа што се работи на свесниот ум, со оваа терапија доволни се најмногу три сеанси за лицето да почувствува трајно олеснување или комплетно разрешување на својот проблем.


сертифициран терапевт за брза трансформација и сертифициран хипнотерапевт