Оглас за вработување во Стопанска комора на Македонија

Оглас за вработување во Стопанска комора на Македонија

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13 и 187/13, 113/14, 20/2015, 33/2015, 72/2015; 129/2015 и 27/2016), Стопанската комора на Македонија, објавува



О Г Л А С
за  вработување на дипломиран електро инжинер по информатика или дипломиран инжинер по информатика во Инфоцентарот
на Стопанска комора на Македонија


Стопанската комора на Македонија има потреба од вработување на определено време (шест месеци), со можност за постојано вработување,  на еден извршител дипломиран електро инжинер по информатика или дипломиран инжинер по информатика за работи за Инфоцентарот – електронска обработка на податоци и одржување на мрежата на Информациониот систем, во Стручната служба на Стопанската комора на Македонија.

Опис на работни задачи:
•    Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија;
•    Интеграција и одржување на готови апликативни решенија;
•    Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на веб-портал и CMS (интернет);
•    Изработка и одржување на Android апликативни решенија;
•    Изработка и дополнување на постоечки апликативни решенија на Интранет системот;

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

-    Високо образование:дипломиран електро инжинер по информатика или дипломиран инжинер по информатика;
-    Одлично познавање  на англиски јазик;
-    Пожелно познавање на:
•    Visual studio.NET;
•    Web технологии;
•    Бази на податоци: SQL Server;
-    Познавање на програмите: Server 2008 R2, Server 2012, Server 2016 (поседување на сертификат ќе се смета за предност) ;
-    Познавање и работење со Microsoft Domain Server (поседување на сертификат ќе се смета за предност);
-    Познавање на Microsoft Office продукти;
-    Познавање на Windows 10;
-    Познавање на работа со графички апликативни програми;
-    Познавање на работа со Android уреди;
-    Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, способност за работа под притисок и кратки рокови, комуникативност;
-    Ефикасност и организираност;
-    Работно искуство не е потребно;

Работното време е 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Почетна основна месечна нето плата  е 25.935,00 денари.

Кандидатите треба во прилог на апликацијата да достават кратка биографија и мотивационо писмо, копија од диплома за завршено високо образование – дипломиран електро инжинер по информатика или дипломиран инжинер по информатика и копија од сертификат за познавање на англиски јазик, на следната адреса:

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13 - Скопје
или
наведените документи во скенирана форма на e-mail: ana@mchamber.mk
    
    Контакт: Ана Стерјовска , тел: 02/ 3 244 037.
    Рокот за пријавување до 28.11.2017 година.
    Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да биде разгледувана.
На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.
    
                                  
Бр. 04-1713/2                    
13.11.2017 година
С к о п ј е