Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

17-годишно момче ги воодушеви физичарите со своето научно откритие

 
момче
Фото: Royal Society Open Science

Познато е дека децата денес уште на 12 или 16 години знаат да изненадат со некое неверојатно научно откритие - лек за ракот, заштеда на електрична енергија, зачувување на природата итн.

Сега 17-годишно момче ги шокира физичарите со неговото научно откритие.

Во 2016 година Мухамед Шејер Нијази стана еден од првите пакистански учесници на Меѓународниот турнир за млади физичари познат како „Светско првенство во физиката“.

Нијази развил фотографски докази за наелектризирани јони создавајќи електрично саќе. Реплицирањето на феноменот на електрично саќе само по себе е импресивна задача, но фотографскиот подвиг досега никогаш не бил постигнат. Неговото дело било објавено на 4 октомври 2017 година во Кралското друштво на отворена наука. „Мислам дека е извонредно за толку млад научник да ги репродуцира овие резултати“, изјави Алберто Т. Перез Изквиердо, физичар од Универзитетот во Севилја, чија работа во 1997 година токму на оваа тема го инспирирала Нијази да го создаде проектот.

Истражувањето на Нијази за нестабилноста на розовиот прозорец фрла ново светло за да се појасни зошто струењата формираат полигонални обрасци над нафтата. Истражувањето заклучува дека јоните се главна причина за нестабилноста и го прикажуваат системот во две нови перспективи кои откриваат претходно непознати феномени поврзани со „RWI“. Нијази се надева дека во иднина ќе продолжи да ја проучува математиката на електричното саќе, а сонува еден ден да ја освои Нобеловата награда.
 
Објавено на 14.11.2017 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Наука