Конкурс за доделување на стипендии на студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии

Конкурс за доделување на стипендии на студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии



Врз основа на долгогодишната соработка помеѓу МИКРОСАМ АД од Прилеп и Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, се распишува 

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ 
на студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје 

МИКРОСАМ АД ќе додели 3 стипендии на студентите запишани во трета или четврта година студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје во учебната 2017/2018 година.

Потребни документи за аплицирање:

• СV
• Потврда за редовен студент
• Потврда за положени испити и освоени кредити
• Изјава дека не е веќе корисник на стипендија.

Со доделување на овие стипендии, Микросам АД, ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и квалитетни кадри и воедно ќе им даде стимул на идните студенти за запишување на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Микросам АД е светски лидер во производство на специјализирани машини за композитната индустрија. Со над 27-годишно искуство во развој, Микросам е познат по врвно познавање на производство на композитни материјали (carbon-, glass-fiber, etc.). Фирмата има дизајнирано и инсталирано над 200 производни линии кај водечки компании во повеќе од 40 земји во светот, како што се Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Кореа итн.

Студентите можат да ги испратат документите на е-mail: stipendii@mikrosam.com со назнака: “Апликација за стипендија“.

Краен рок за доставување на документите е 20.12.2017 година.