Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје

Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ АД Скопје



Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Електро техничари во електро одржување

1. Електротехничар за процесна автоматизација
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за електро одржување на индустриски машини, PLC управувани машини, лабораториски инструменти и друго во Одделението за електро одржување. Потребно е познавање на PLC и други индустриски софтвери.

2. Електро техничар
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за електро одржување на постоечката високонапонска, среднонапонска и нисконапонска опрема (енергетски трансформатори 110/6 KV и 6/04 KV, среднонапонски и нисконапонски ел.мотори). Работа со релејна заштита и компензација на реактивна енергија. Потребно е познавање на релејна заштита, ел.енергетски постројки, енергетски трансформатори и ел.мотори.

Кандидатите преку работење според план придонесуваат кон перформансите на тимот за електро одржување. Работите ги извршуваат според законските прописи и компаниските стандарди за безбедност и здравје при работа. Извршувањето на задачите го прават во најголем дел самостојно, или како дел од тим. Работното време е од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок, по потреба, работата може да се одвива во три смени.

Потребни квалификации:
- Средно електро техничко училиште, IV степен
- Работно искуство од 1-3 години во индустрија ќе се смета за предност
- Познавање на MS Office, AutoCAD, Eplan, Windows OS
- Познавање на PLC и други индустриски софтвери (за електротехничар за процесна автоматизација)
- Познавање на релејна заштита, ел.енергетски постројки, енергетски трансформатори и ел.мотори (за електротехничар)
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

Конкурентски предности:
Желба за работа во средина со високи барања
Одлични аналитички и, комуникациски и организаторски спосбности
Динамичност, ефективност и ефикасност
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
Решавање на проблеми
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, http://www.usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.