Бил Гејтс ги посочува трите области што ќе имаат најголем придонес за човештвото

Бил Гејтс ги посочува трите области што ќе имаат најголем придонес за човештвото

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

гејтс
Фото: Flickr

Отпишувањето од факултет за да почнете одреден проект или компанија дефинитивно не е лесна одлука. Постојат многу причини зошто можете да згрешите. Така, Бил Гејтс не бил некој што останал на училиште, иако станувало збор за универзитет како „Харвард“.

Гејтс, кој е најпознатиот студент што се отпишал од студирањето на „Харвард“, го напуштил престижниот колеџ во 1975 година за да го развие „Виндоус“ и да стане еден од најбогатите луѓе во светот. Минатата недела тој држеше говор на друг врвен колеџ, „Колумбија“, заедно со милијардерот-инвеститор Ворен Бафет. Повеќе од илјада студенти се собрале да ги слушнат нивните говори на различни теми. Но она што им го привлече вниманието на студентите беше прашањето за тоа што Гејтс би направил ако денес се отпише од факултет. Гејтс именуваше три сектори за кои е тој заинтересирани и за кои верува дека се области што ќе донесат најголем придонес за човештвото во блиска иднина.

Секторот за вештачка интелигенција


Првиот споменат сектор не изненадува. Гејтс изрази восхитување за вештачката интелигенција. „Способноста за вештачки агенти да читаат и да го разберат материјалот е феноменална. Сè што е поврзано со вештачката интелигенција ќе биде возбудлива животна кариера“.

Иновацијата во енергетскиот сектор е неопходна


Вториот сектор за кој Гејтс покажа интерес е енергетскиот сектор. Без да биде многу специфичен што мисли, Гејтс зборуваше дека енергетскиот сектор е многу важен. Тој рече дека сè уште не постои единствен систем кој има способност да обезбеди доволно енергија за потребите на светот, додека сè уште е чист и евтин, и додаде дека влијанието на енергетските иновации ќе биде огромно со развојот на нови технологии кои имаат потенцијал да влијаат врз животот на сите.

Биотехнолошките индустрии ќе продолжат да иновираат

Последната област на интерес на Гејтс е „Биотек“. Гејтс изјави дека има потреба од иновации во секторот бидејќи луѓето се борат и против смртоносни болести како ХИВ и ракот, но и се анализираат модерните тела за подобро да се разберат дебелината и депресијата. Една специфична област што Гејтс ја спомена беа ДНК-вакцините. Гејтс коментираше дека и покрај тоа што претседателот Трамп ги поврзува вакцините со аутизмот, тој е убеден дека Америка ќе продолжи да инвестира во нив.

Основната порака на Гејтс: Останете на училиште


Иако ова се областите во кои Гејтс би инвестирал и би се посветил доколку почнува отпочеток, тој дефинитивно не е застапник за напуштање на училиштето. Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ става огромен акцент на образованието и инвестира во стипендии во и надвор од Америка за да им помогне на непривилегираните да добијат пристап до добро образование.