Емисиите на јаглероден диоксид повторно во пораст

Емисиите на јаглероден диоксид повторно во пораст

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Се проценува дека емисиите на јаглероден диоксид повторно се зголемуваат годинава, што е големо разочарување за оние што се надеваа дека ваквите емисии, кои предизвикуваат климатски промени, веќе го достигнаа својот врв.


Емисиите се од горење фосилни горива и индустриски цели, а сега се проценува дека ќе се зголемат за 2 процента до крајот на годината, додека пак во 2018 година повторно се очекува покачување. Покрај глобалниот економски раст, вкупните емисии од 2014 до 2016 се зголемиле за околу 36 милијарди тони годишно.

Научниците велат дека колку се поголеми емисиите, толку поголеми мерки ќе треба да се преземат подоцна. Ќе мора да се емитува фиксирана количина севкупно доколку сакаме да останеме во рамките на клучните климатски цели. Новото зголемување се смета дека потекнува од зголеменото горење фосилни горива во Кина и во други земји.

Бројките од 2017 година ќе бидат рекордни досега за штетни емисии, иако ситуацијата беше слична и во 2015 година. Сè на сè, вестите се многу лоши во однос на глобалната политика за соочување со климатските промени. Парискиот договор, сега поддржан од секоја нација освен од САД, има цел да го ограничи затоплувањето на планетата до под 2 Целзиусови степена, над прединдустриски нивоа, а и да се обиде да го задржи затоплувањето на 1,5 Целзиусов степен. Но, за  да се постигне ова, потребно е да не се зголемуваат емисиите на штетни гасови.

Емисиите на штетни гасови во Кина се зголемиле за 3,5 проценти во 2017, па така земјата е најголемата површина од каде што се емитуваат штетни гасови. Индија, пак, ќе го повлече растот од 2 процента во 2017 година поради економски договор. Емисиите од САД и од Европската Унија треба да се намалат за 0,4 и 0,2 проценти соодветно. Но, емисиите за остатокот од светот, кои се поголеми и од Кина, ќе се зголемат за приближно 2 процента, според анализите. Ако зголемувањето продолжи, штетата ќе биде поголема.

Сепак, научниците уште не знаат дали се работи за моментален тренд или за долгорочен. 37 милијарди тони јаглероден диоксид од фосилни горива и од индустријата се емитува на глобално ниво, но има и неколку милијарди тони јаглероден диоксид годишно што се емитуваат поради уништување на шумите и поради другите промени што ги прават луѓето на Земјата. Исто така, има растечки емисии на метан, гас кој е посилно и побрзо средство за затоплување, но не трае толку долго во атмосферата како јаглеродниот диоксид.

Поголемите штетни емисии сигурно дека ќе значат и порадикални мерки од страна на нациите на глобално ниво бидејќи се чини дека последиците и ефектите од глобалното затоплување се сè поблиску.