Мелон Солушнс вработува

Мелон Солушнс вработува


Мелон е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Мелон Групацијата е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 5.000 вработени во 11 земји.

По исклучително успешниот почеток на соработката помеѓу Мелон Солушнс Дооел и Македонски Телеком АД Скопје, во полето на телемаркетинг продажба на производи и услуги од портфолиото на Македонски Телеком АД Скопје, имаме зголемена потреба од:

Оператори за телефонска продажба
[реф. бр. 2017-014]

Профил на работната позиција:
-    Активна телефонска продажба на производи и услуги на Македонски Телеком АД Скопје;
-    Обезбедување високо квалитет на услуга преку следење на специфични процедури за работа.

Профил на кандидатот:
-   Завршено минимум средно образование;
-    Основно познавање на MS Office;
-    Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
-    Искуство во продажба/телемаркетинг и грижа за корисници ќе се смета за предност;
-    Познавање на англиски и/или албански јазик ќе се смета за предност.

Услови:
-    Скратено работно време 20 часа неделно;
-    Право на бонус согласно постигнати резултати.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не изберат ниту еден кандидат.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната  e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com
најдоцна 10 дена од објавувањето на огласот.   

Мелон Солушнс Дооел
ул. Рузвелтова, бр.19,
1000 Скопје


Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.