Вработување во СИЛК РОАД БАНКА! Нето плата - 50.000,00 денари

Вработување во СИЛК РОАД БАНКА! Нето плата - 50.000,00 денари



СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во димамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. 

Банката вработува: 
Правник експерт од областа на усогласување со прописи и спречување перење пари 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
1. Универзитетска диплома за завршен правен факултет
2. Минимум 3 години работно искуство во банкарска / финансиска институција во областа на усогласување со прописи и спречување перење пари
3. Познавање на законска банкарска регулатива и подзаконски акти
4. Положен правосуден испит
5. Одлично познавање на англиски јазик
6. Одлично познавање на MS Office (Word, Excel)

Опис на работното место:
Се грижи за активностите и работите поврзани со утврдување, оценка, следење и контрола на ризиците од усогласување на работењето на Банката и управува со ризикот, особено со санкциите на регулаторните органи и финансиските загуби, како и ризикот по угледот, коишто може да произлезат од неусогласување со регулаторната рамка.
Исто така, се грижи за правилното спроведување на политиките и процедурите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, коишто мора да се усогласени со политиката на Банката и локалните закони и соодветна имплементација на политиката за управување со правен ризик.

Избраниот кандидат треба да поседува:
- Соодветни стручни и лични особини
- Одлични аналитички вештини
- Високо ниво на комуникациски вештини
- Можност за самостојна работа

Банката нуди плата во месечен нето износ од 50.000,00 денари

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо може да ги достават на contact@silkroadbank.com.mk, најдоцна до 30.11.2017 година.