Најдобрите технолошки уреди во 2017

Најдобрите технолошки уреди во 2017

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Секоја година светот е сведок на низа нови гаџети што функционираат со нови и напредни технологии. Некои се можеби бескорисни, но секако дека има многу интересни дизајни кои се ефикасни и можат да го направат секојдневниот живот полесен. Оваа година се издвојуваат следните 10 уреди:

фото извор: Apple

1. „Спејс екс Фалкон“

„Спејс екс“ ја испиша историјата кога успеа да ја врати орбиталната ракета „Фалкон 9“ на Земјата. Во март 2017 не само што беше лансиран геосинхронизираниот комуникациски сателит, туку првата фаза од ракетата е успешно вратена на брод-дрон позициониран во Атлантскиот Океан.



2. „Амазон ехо“

„Амазон ехо“ стана популарно поради вметнувањето глас креиран од вештачка интелигенција „Алекса“ во звучниците, кој може да извршува одредени задачи. Овој паметен уред нуди многу – може да контролира други паметни уреди, постојано може да се надградува, овозможува стриминг и информации за сообраќај и временска прогноза во реално време.

3. „Снепчет спектаклс“

фото извор: Flickr

Со ова корисниците добија можност да ги сочуваат посакуваните моменти без да ги употребуваат рацете. Може да се снимаат видеа во времетраење од 30 секунди, може да се додаваат текст и стикери, онака како што сака корисникот. Дури не е ни потребна конекција на телефонот со „Спектаклс“, може да се складираат видеата и потоа да ги користите за споделување на приказната користејќи ја апликацијата.

4. „Мајкрософт ХолоЛенс“

Првиот холографски компјутер на светот е еден од најдобрите новитети годинава во областа на технологијата. Со овој уред може да се проектираат холограми во реална средина. Уредот не бара конекција со друг компјутер или мобилен телефон.



5. „Нинтендо Свич“

Уредот изгледа како таблет и има контролори кои дозволуваат гејмерите да играат насекаде. Контролорите може да се прикачат и исклучат од екранот, кој има 6,2 инчи, а секако дека може да играат повеќемина. Голем успех за „Нинтендо“ – уред кој гејмерите го посакуваат.



6. Робот „Кури“

Изграден со сериозна технологија, сензори за допир, механика за гестови, ХД-камера, микрофони, овој робот одговара на гласовни наредби. Има способност и да снима одредени моменти, а наместо да одговара со глас, тој го прави тоа во форма на светла и движења. Чини 800 долари.



7. „Ајфон екс“

Копчето „Хоум“ на овој модел го нема, а содржи многу нови додатоци кои го издвојуваат од претходните верзии. Една од нив е и отклучувањето преку фацијално препознавање.

8. „иСајт3“

Се работи за електронски очила што содржат ОЛЕД-дисплеј во предниот дел каде што има ХД-камера. Процесирањето на видеото се врши алгоритмично, со што се зголемуваат светлината и квалитетот на контрастот. Последната верзија е полесна и многу поевтина од претходните верзии. Наменета е главно за лицата што имаат проблеми со видот.



9. „Фитбит ајконик“

Паметен часовник, кој е независна платформа, а има можности за плаќање без контакт, функции за пливање, следење на сонот и многу други.

10. „Тесла модел 3“

фото извор: Tesla

Електричниот седан може да помине 350 километри со едно полнење на батериите, а забрзувањето од 0 до 96 км/ч го постигнува за 5,6 секунди. Автомобил кој не емитува штетни гасови, а компанијата го нуди за поволни цени.