Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Научниците за првпат забележале меѓуѕвезден посетител во нашиот Сончев систем

 
вселена

Технички, го добивме нашиот прв вонземски посетител. На 18 октомври 2017 година, астрономите го забележале првиот меѓуѕвезден објект што поминува низ нашиот Сончев систем. „А/2017 У1“ е вселенски патник кој патува низ нашето соседство.

Кометите и астероидите обично не се многу големи, освен кога се вонземски посетители. Научниот соработник Алан Фитсимонс заедно со меѓународниот тим започна да го проучува астероидот „А/2017 У1“, првиот меѓуѕвезден турист на Сончевиот систем.

„Неговото движење не може да се објасни со користење или на нормален Сончев систем или орбита на комета. Овој објект дојде надвор од нашиот Сончев систем“, вели Роб Верик, доктор на науки на Институтот за астрономија на Универзитетот во Хаваи, кој прв го идентификувал објектот со помош на „Пан-СТАРРС 1“ телескопот.

вселена

Астероидот влезе во нашиот Сончев систем од горе на хиперболична траекторија, движејќи се пребрзо за да биде вовлечен во орбитата на Сонцето. Станува збор за мал, карпест објект кој веројатно летал преку нашата галаксија милиони и милијарди години пред случајно да влезе во нашиот Сончев систем.

Научниците претпоставуваат дека овој астероид доаѓа од формирање на планета околу блиска ѕвезда. За време на процесот, астероидот веројатно бил фрлен надвор од ѕвездениот систем. Слична ситуација се случила пред 4.5 милијарди години околу нашата сопствена ѕвезда кога се родиле Јупитер и Сатурн.

И за други комети се претпоставува дека се од други сончеви системи, но досега ниту една не била потврдена до „А/2017 У1“.
 
Објавено на 18.11.2017 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook