Оглас за работа: Се бара претседател на Русија

Оглас за работа: Се бара претседател на Русија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска


pretsedatel
Фото: AFP

Руска веб-страница за барање работа објави оглас за работно место - претседател на Русија, заедно со потребните услови што треба да ги исполнува работникот.

Во описот се наведува дека кандидатот ќе биде избран според резултатите од изборите од 2018 година.

Популарната страница за барање работа „Суперџоб“ наведува дека за работното место претседател на Руската Федерација може да конкурираат кандидати над 35 години, а полот, образованието и искуството воопшто не се важни.

Кандидатите што ќе се пријават за оваа работа мора да бидат социјално активни и патриоти. Идеалниот кандидат треба да поседува руско државјанство најмалку во последните 10 години, мора да знае барем еден странски јазик и да биде подготвен за чести службени патувања. Помеѓу обврските се и потпишување државни закони, меѓународни договори, амнестија и многу други нешта.

Личноста што ќе застане на чело на претседателот може да ги користи службениот авион, станот, викендицата, личната канцеларија во Кремљ и бесплатен превоз од дома до работното место.

„Само сакаме да ги потсетиме луѓето дека и позицијата претседател на државата е работно место“, велат од компанијата.

Претседателските избори во Русија ќе бидат одржани во март наредната година, а рускиот претседател и најголемиот фаворит за нов мандат, Владимир Путин, сè уште нема кажано дали ќе се кандидира повторно.