Телескоп 100 пати посилен од „Хабл“ открива делови од вселената претходно непознати

Телескоп 100 пати посилен од „Хабл“ открива делови од вселената претходно непознати

Подготвил: Тамара Гроздановски

телескоп

Научниот институт за вселенски телескопи ги разгледа 13-те предлози кои се вклучени во научните набљудувања кои треба да ги спроведе телескопот „Џејмс Веб“.

„Возбуден сум што ја гледам листата на најинтересните цели на астрономите за „Џејмс Веб“ телескопот и едвај чекам да ги видам резултатите. Сигурно ќе бидеме изненадени со она што ќе го пронајдеме“, вели Џон С.Матер, виш научен истражувач и постар астрофизичар во Центарот за вселенски летови на НАСА во Бостон, Мериленд.

Овие истражувања ќе го опфатат сето она што телескопот треба да го набљудувања, вклучувајќи го и набљудувањето на нашиот Сончев систем до некои од најоддалечените галаксии. Ќе бидат искористени сите четири инструменти на телескопот, со што целосно ќе се демонстрираат неговите способности.

„Телескопот е шест и пол метри. Можете да ги осветлите предметите многу побрзо. Можете да набљудувате послаби предмети како никогаш досега“, вели Џонатан Гарднер, научник што работи на проектот за телескопот.

Според него, телескопот има неколку предности во однос на телескопот „Хабл“, а една од неговите главни предности е неговата способност за поглед назад во времето, овозможувајќи да се гледаат слабите галаксии, како тие се формирале за првпат пред многу светлосни години.

Друга причина зошто овој телескоп е толку популарен е неговата релативно кратка временска рамка за работа - и никој не сака да ја пропушти шансата да го искористи тоа.

Телескопот е опремен со неколку спектографи кои ќе работат на инфрацрвени и близу инфрацрвени бранови должини, овозможувајќи им на истражувачите да испитуваат региони што претходно не биле достапни во ловот на релативно малите егзопланети.

„Ќе можеме да ги проучуваме нивните атмосфери во повеќе детали, нешто што претходно не сме го можеле“, вели Рид.

Со оглед на тоа што ова се само некои од најраните планови за „Џејмс Веб“ телескопот, и со оглед на тоа што може да биде во употреба скоро деценија, телескопот може да ги понуди сите начини на увид за научната заедница пред неговиот последен пренос.