„Фејсбук“ има нова апликација за сите што обожаваат видеа

„Фејсбук“ има нова апликација за сите што обожаваат видеа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

апликација

Во најновиот обид да ги оддалечи корисниците од содржините на „Јутјуб“, „Фејсбук“ објави нова апликација наречена „Фејсбук креатор“, која на корисниците им нуди голем број алатки за стримовање видеа, ажурирање на приказните „Сторис“ и испраќање пораки преку различна фејсбук-платформа.

„Фејсбук креатор“ е всушност ажурирана и ребрендирана верзија на постојната апликација „Фејсбук меншнс“, што на корисниците им овозможува да управуваат со својата фејсбук-страница, со таа разлика што сега е достапна за сите корисници.

„Фејсбук креатор“ има две главни карактеристики:

Првата е можноста за создавање воведни и завршни кадри кај „Фејсбук лајв“ видеата, како и можност за додавање интерактивни стикери. Исто така, апликацијата може да уредува и да монтира фотографии и да ги поставува на „Фејсбук сторис“ и други платформи.

Втората значајна предност на новата апликација е олеснување на комуникациите со корисниците што ве следат, така што создава посебен инбокс во кој се сместени коментарите од „Фејсбук“, „Инстаграм“, како и пораките од „Месинџер“.

Апликацијата му овозможува на корисникот и аналитички информации во врска со страницата што ја води. Таа е веќе достапна за платформата „Ајос“, додека корисниците на „Андроид“ ќе мора да почекаат неколку месеци.