„Макпетрол“ А.Д. - Скопје објавува оглас за вработување на определено време

„Макпетрол“ А.Д. - Скопје објавува оглас за вработување на определено време

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол" А.Д. - Скопје распишува

ОГЛАС За вработување

на 2 (двајца) работници на определено време од 5 (пет) месеци на работно место продавач II категорија на бензинска станица во Тетово, Регион Полог во Дирекција за малопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 18.20 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол" А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св.Кирил и Методиј" бр. 4 - Скопје

Лице за контакт:

Марија Тодороска
телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање. Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документациј а, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

„МАКПЕТРОЛ" А. Д. - СКОПЈЕ