Неверојатни бенефиции што ги добиваат сите вработени во „Гугл“

Неверојатни бенефиции што ги добиваат сите вработени во „Гугл“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

gugl
Фото: Getty Images

Се исплаќа да работите во една од најголемите и најмоќните компании во светот.

Гигантот за веб-пребарување го води интернетот, така што начинот на кој управуваат со канцелариите е исто толку важен.

На веб-страницата „Гласдор“ неколку поранешни вработени во оваа компанија ги откриваат бенефициите што секој вработен ги добива во „Гугл“.

Платен одмор

Одморот е одличен за секој вработен, а е уште подобар ако е платен. Во „Гугл“, првата година инженерите мора да земат 15 дена платен одмор, кој се зголемува на 20 дена после три години. По пет години поминати во оваа компанија, платениот одмор се зголемува на 25 дена.

Освен тоа, на сите им е дозволено да земат три месеци отсуство иако тоа не е платено.

Породилно отсуство

porodilno
Фото: Getty Images


Во „Гугл“ родителите имаат долго породилно отсуство. Новите мајки можат да земат 22 недели платено породилно отсуство, додека татковците и родителите што посвоиле можат да земат од 7 до 12 недели.

Бесплатна храна и пијалак


Не само што вработените во „Гугл“ имаат пристап до широк спектар на храна за појадок, ручек и вечера, туку и сето тоа е бесплатно.

Доколку тие сакаат сами да си ги приготвуваат јадењата, можат да посетуваат и часови по готвење што се одржуваат во нивните канцеларии.

Се организираат фантастични настани со уште пофантастични гости



Со тоа што „Гугл“ е една од најголемите компании во светот, природно е да привлече познати и важни луѓе. Говорите во „Гугл“ се редовен настан што се одржува уште од 2006 година.

Секој што работи во „Гугл“ може да учествува и да присуствува на говори кои ги одржуваат доста познати луѓе: Морган Фриман, Ноам Чомски, Тина Феј, Рис Витерспун, Фарел Вилијамс и многу други.

Пристап до сала за вежбање

„Гугл“ на своите вработени им нуди сала за вежбање што е отворена 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Освен тоа, компанијата исто така организира голем број часови со кои им помага на вработените да ја одржуваат формата и да останат здрави.

Доколку сакаат, вработените можат да се опуштат со масажи што ги извршуваат високо обучени масажери.

Опции за патување


Доколку не сакате да патувате со јавен превоз до работа, тогаш „Гугл“ ви овозможува бесплатен превоз. Автобусот секој ден ги зема и ги носи од работа. Автобусите располагаат со клима-уред и безжичен интернет.

Активности надвор од работата

2
Фото: Getty Images


Не само што „Гугл“ сака добро да живеат неговите вработени, туку и активно ги охрабрува да го истражуваат светот, да се забавуваат и да се подобрат себеси.

Така „Гугл“ ги поттикнува вработените да посетуваат едукативни програми или да научат нови вештини, а сето ова го поткрепува со таканаречената „20% политика“ со која персоналот може да искористи 20 отсто од нивното време на работа за да инвестира во други области.

Исто така, вработените имаат попусти во неколку музеи и за неколку настани, кои се достапни после пет години работење во компанијата.

Плата за смртен случај

Животот не е секогаш забавен и „Гугл“ го знае тоа. Доколку некој од вработените умре, компанијата на семејството на починатиот му нуди 50 отсто од неговата плата во наредните 10 години.