Нови филмски трејлери за оваа недела

Нови филмски трејлери за оваа недела

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Погледнете ги новите 9 трејлери за оваа недела:


1. „Дедпул 2“

2 минути од Рајан Рејнолдс и неговото имитирање на Боб Рос, поп-култура и сурови шеги. Филмот излегува на 1 јуни.



2. „Дивеење“

Филм на режисерот на „Сан Андреас“, базиран на игра. Премиерата е закажана за 20 април.



3. „Чи“

Драма за црните жители на Јужната страна на Чикаго. Серија која е баланс помеѓу смешните моменти од животот и вистинските, темни проблеми. Серијата започнува на 7 јануари.



4. „Барут“

Ѕвездата на „Игра на тронови“, Кит Харингтон, е дел од мини-серијата во три дела за настанот од 1605 година кога се случил инцидент во британскиот Парламент. Серијата почнува на 18 декември.



5. „Тивко место“

Иако изгледа како типичен хорор-филм, всушност се открива еден интересен заплет: семејството кое е во центарот на случувањата треба да остане колку што е можно потивко, во спротивно некој вид зло ќе дојде по него. Премиерата е закажана за 6 април.



6. „Другата страна на надежта“

Малку личи на филм на Вес Андерсон, но режиран е од финскиот режисер Аки Каурисмаки. Се работи за сириски бегалец кој доаѓа во Хелсинки за да ја најде својата сестра. Филмот излегува на 1 декември.



7. „Убиството на Џани Версаче: Американска криминална приказна“

Енергетска, нова сезона базирана на убиството на модниот дизајнер Џани Версаче. Серијата се враќа на 17 јануари.



8. „Вако“

Серија во која играат Мајкл Шенон и Тејлор Кисч, за приказната за религиозниот култ „Вако“. Почнува на 24 јануари.



9. „Филмот – Пат“

Уште познато и како „Катастрофалните клипови на Јутјуб: Филм“.