Пензионерка од Битола за 220 денари освои близу 500.000 денари

Пензионерка од Битола за 220 денари освои близу 500.000 денари

На 24ти октомври во 87мото коло НовоЛото 7/34, ја добивме 18тата 7ка на Архитектот Ѓорѓи Лазовски, кој пополнил 10 комбинации од кои една му донесе 6.000.000,00 денари. На 15ти ноември во 91во коло, пензионерка од Битола со 10 уплатени комбинации постигна 6+1 и доби близу 500.000,00 денари. Во саботното извлекување на 18ти ноември, во 92ро коло, играч од Скопје со 10 уплатени комбинации ја постигна 19тата 7ка. Дали бројот 10 е добитен број кој посигурно ве носи до добивка?



Нашите најнови добитници низ свои приказни потврдуваат дека играта им е комплетна кога им се пополнети сите 10 комбинации за повеќе шанси за добивка. Цената на комбинацијата од 20 денари, е најниска во регионот. Низ разговорите со наши редовни лото играчи дознавме дека покрај искусните кои играат системска игра, најголем број од редовните играчи месечно планираат редовен фонд за учество во секое коло за основната игра и за дополнителната игра Џокер.

Ова е пример и со нашата најнова добитничка на 6+1, таа е пензионерка од Битола која на среќното место Димпо Дооел уплатила 10 кобинации еден џокер број.Со учество од 220 денари таа освои близу 500.000 денари во претходното 91во коло чие извлекување беше на 15ти ноември. Нашата доботничка не се фотографираше и замоли да не го објавуваме нејзиното име, но таа е горда прабаба која при прошетка со двете правнучиња по Широк Сокак, редовно два пати неделно, учествува во играта, со броеви кои и ги кажувааат нејзините најмили. Токму дел од тие броеви, напишани во една од 10те колони и донесоа добивка вредна 496.456,00.

Приказната за бројот 10 ја потврдува и нашиот најнов добитник на 7ка кој уплатил 10 колони на среќното место М1 на плоштад Македонија во Скопје. Една од 10те колини ги содржи извлечените броеви во саботното 92ро коло. Со него, или со неа, допрва очекуваме да се запознаеме, надевајќи се дека како и претходните двајца добитници на 7ка ќе ја сподели својата среќна приказна пред јавноста.

Веруваме дека есента во знакот на бројот 10 уште ќе не изненадува, важно е да веруваме и учествуваме.

Празниците се на прагот, размислувајќи за подарок за свои блиски, посетете ги среќните места на Државна лотарија на Македонија и подарете можност за добивка - со 10ка до 7ка.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !