Агенцијата за планирање на просторот Скопје вработува...Нето плата 27.000 денари

Агенцијата за планирање на просторот Скопје вработува...Нето плата 27.000 денари

Врз основа на член 22 став (1) алинеа 1, став (2), став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ, бр. 27/14, 199/14 и 27/16), член 22 член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (Службен Весник на РМ, 6р. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16), член 16 став (1) алинеа 2 од Статутот на Агенцијата за планирање на просторот Скопје, a во согласност со Правилникот за систематизација на работните места на Агенција за планирање на просторот Скопје, Агенцијата за планирање на просторот Скопје објавува
JABEH ОГЛАС

за вработување на 1 (едно) лице на определено работно време со полно работно време за замена на привремено отсутен вработен
1. Работно место со шифра АПП/01/02/В04/003, ниво В04, назив на работно место: Помлад соработник книговодител - 1 (еден) извршител

2. Опис на работни задачи:
ја води целокупната финансовосметководствена работа на Агенцијата; ја изработува или учествува во составувањето на завршната сметка на Агенцијата; води сметка за ликвидноста и сопствентноста на Агенцијата; се грижи за наплата на фактури; врши книжење на целокупната финансиска документација; врши пресметка на плати; води платен промет; се грижи за стасаноста на обврските и побарувањата; извршува и други работи по налог на Директорот на Агенцијата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да е полнолетен;
-да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Покрај со Закон утврдените општи услови кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

- ниво на квапификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен
 /М/1степенЕкономски факултет;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПТБ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмапку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или ГЕТЕ сертификат;
со или без работно искуство во струката.

Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни;
- финансиско управување.

Работното време изнесува 40 часа неделно, од понеделник до петок со почеток помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 до 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа. Паузата во текот на дневното работно време е во траење од 30 минути во временски период од 12:00 до 12:30 часот.
Паричниот износ на нето плата за работното место Помлад соработник книговодител изнесува: 27. 000 денари.

Кандидатот кој аплицира за работното место Помлад соработник книговодител треба да ги поднесе следните документи:

- диплома за завршено високо образование VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен -Економски факултет;
- кратка биографија CV со контакт информаци;
- доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), односно меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори на А2 нивото на ЦЕФР (ЦЕФР), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПТБ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или ГЕТЕ сертификат;
- сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење:
- уверение за државјанство на Република Македонија;
- уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност:
- лекарско уверение не постаро од шест месеци;
- доказ за работно искуство во струката (доколку има работно искуство во струката).

Рокот за пријавување со потребните документи изнесува 5(пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат.
Ненавремените и нецелосните документи нема да се разгледуваат. Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на тестирање во Агенцијата за планирање на просторотСкопје за чии потреби се објавува огласот.
Проверката на стручните способности на пријавените кандидати по распишаниот јавен оглас ќе се изврши по пат на тестирање и интервју кое ќе го спроведе Комисија надлежна за спроведување постапка за вработување лица на определено работно време
Прашањата на тестирање од стручниот дел ќе бидат од финасовосметководсвената област.
По завршувањето на тестирањето ќе се спроведе интервју на кое ќе бидат поставени прашања од областа на општите работни компетенции.
Изборот ќе се изврши во рокот утврден во член 23 став 2 од Законот за работни односи по иСтекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пристигнати пријави.
Кандидатите кои аплицираат на огласот потребно е документите да ги достават во затворен пликсо назнака за оглас за вработување, во оригинал или заверен препис од Нотар и да ги пратат по пошта или да ги достават во архивата на:
Агенцијата за планирање на просторот Скопје
Адреса Плоштад Македонија бр. 2, Скопје
Лице за контакт Ивана Горгова, тел. 3 227 244, лок. 122
Агенција за планирање на просторот - Скопје