Оглас за вработување во ORANGE! Отворени се три работни места

Оглас за вработување во ORANGE! Отворени се три работни места



ORANGE PROМОTIONS вработува тројца извршители на позицијата Merchandiser.

Позицијата Merchandiser ја пополнуваат посветени и способни професионалци, кои посетуваат маркети и се задолжени за: проверка на производите на нашите клиенти, нивната поставеност, шелфинг, цени, следење конкуренција, пополнување анкети и изготвување извештаи, фотографирање и поставување/редење производи каде што е тоа потребно.

Потребни квалификации и карактеристики на кандидатот:
- Возраст од 20-25 години
- Поседување возачка дозвола за Б - категорија е задолжително
- Образование - минимум ССС.
- Активно познавање на Англиски јазик
- Основно познавање на работа со компјутер и MS Office пакетот
- Со или без работно искуство

Лични карактеристики:
- Чесност и лојалност
- Организираност и посветеност
- Професионално, одговорно и навремено вршење на задачите
- Способност за теренска работа во динамичен бизнис
- Способност за индивидуално и тимско работење
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови

Селектираните кандидати поминуваат професионална обука. (По завршувањето на обуката, се бираат кандидатите кои ќе продолжат со работа) Сите заинтересирани да испратат кратка биографија, со фотографија не постара од 6 месеци, најдоцна до 28.11.2017, на е-маил: office@orangepromotions.mk