Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Вонземски инсекти транспортирани на Земјата?

 
organizmi
Фото:Shutterstock

Новото истражување претпоставува дека вонземјаните биле транспортирани на Земјата преку вселенска прашина.

Научниците велат дека веројатно инсектите летале низ универзумот и до нашата планета, а истото важи и за инсектите од нашата планета - можеби и тие одлетале од Земјата на други планети во галаксијата.

Теоријата може да помогне да се објасни како започнал животот тука, сугерирајќи дека бил пренесен од друго место во вселената. Ова го тврдат британските научници кои ги проучувале моќните текови на меѓупланетарна прашина што може да патува низ вселената до 70 километри во секунда. Тие пресметале дека малите биочестички што лебделе високо во атмосферата на надморска височина од 150 километри или повисока, би можело да се исфрлени од гравитацијата на Земјата по влегувањето на вселенската прашина.

Познато е дека некои бактерии, растенија, како и микроскопското животно водената мечка може да преживеат во вселената. Истиот процес може да се случи во обратна насока, носејќи вонземски инсекти на Земјата и со тоа помагајќи да се овозможи живот на планетата, сметаат научниците.

„Предлогот дека судирите од вселенска прашина би можеле да ги движат организмите на огромни растојанија помеѓу планетите предизвикува возбудливи перспективи за тоа од каде потекнуваат животот и атмосферата“, вели професорот Арјун Берера од Факултетот за физика и астрономија при Универзитетот во Единбург.

„Брзата вселенска прашина може да се најде низ планетарните системи и може да биде заеднички фактор во животот што се размножува“, додава тој.

Претходно научниците ја разгледале можноста за тоа како астероидите би можеле да го донесат животот или суровите состојки од животот на Земјата.
 
Објавено на 21.11.2017 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook