Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје
Отворени се две работни позиции во Службата за ERP и DWH / Сектор за ИТ / Област на Главниот директор за техника и ИТ
Работно место: Специјалист за апликативно одржување и развој на финансиските системи
Работно место: Виши Соработник за апликативни решенија во ERP Домен
Служба за ERP и DWH / Сектор за ИТ / Област на Главниот директор за техника и ИТ
Работно место: Специјалист за апликативно одржување и развој на финансиските системи
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
Услови:
- Високо образование , Технички факултет – Електротехника, Информатички науки и компјутерско инженерство и останати факултети
- 3-5 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
Работни задачи:
- Да ги извршува активностите за апликативно одржување на финансиските системите во согласност со интерните прописи на компанијата во правец на обезбедување на соодветно функционирање и работење на системите
- Да ги имплементира процесите и процедурите неопходни за ефикасно работење како и да ја следи ефикасноста на истите
- Да ги изработува техничките решенија за надградба на постојните финансиски системи како и имплементација на нови модули и интеграцијата со останатите системите
- Да учествува во проектите иницирани во овој домаин
- Да ги импелемнтира новите верзии на апликациите во согласност со планот
- Да извршува конфигурацијата и параметризацијата на новите продукти и сервиси во SAP системот
- Да го следи и ажурира планот за време на билинг циклусот согласно интерните процедури за финансиско затварање на циклусот во САП системот
- Независно дизајнирање на АБАП извештаи и анализи
- Вршење на АБАП програмирање во САП системот
- Изработка на оперативни ad-hock извештаи по барање на деловните корисници
- Да врши обуката на крајните корисници на системите
- Да ја изработува и ажурира техничката и проектната документација
- Известување за инциденти и проблеми на добавувачи (трети страни) во согласност со Договорите за услуги
Способности и вештини:
Добри вербални и комуникациски способности, лидерски и координациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност, тимска работа, широко искуство и способност за планирање и реализација на цели
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк
http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Специјалист за апликативно одржување и развој на финансиските системи
Огласот ќе биде објавен на ден 21.11.2017 година и ќе трае до 27.11.2017 година
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00 часот
Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 30.885,00 денари
Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.
Служба за ERP и DWH / Сектор за ИТ / Област на Главниот директор за техника и ИТ
Работно место: Виши Соработник за апликативни решенија во ERP Домен
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
Услови:
- Високо или Вишо образование , Технички факултет – Електротехника, Технички факултет - Информациски технологии, Технички факултет - Информатички науки и компјутерски инженерство или останати факултети
- 1-3 години соодветно работно искуство
- Добро познавање на англиски јазик
Работни задачи:
- Учествува во активностите за апликативно одржување на системите кои се наоѓаат во ERP доменот во согласност со интерните прописи на компанијата во правец на обезбедување на соодветно функционирање и работење на системите
- Учествува во имплементира процесите и процедурите неопходни за ефикасно работење како и да ја следи ефикасноста на истите
- Учествува во имплементацијата на новите верзии на апликациите во согласност со планот
- Учествува во изработува технички решенија за имплементација на нови модули и надградба на постојните модули во системите кои се во ЕРП доменот
- Учествува во развојот на нови модули или промени на функционалностите на постојните модули во системите кои се во склоп на ЕРП доменот
- Учествува во развојот/следењето на интеграциите кои се направени помеѓу ЕРП системите како и интеграцијата со останатите системи од другите домени
- Да ескалира до вишиот специјалист во случај на увиден проблем со функционирањето на системито од ЕРП доменот во случај кога се работи за софтвер изработен од трета страна
- Учествува во подготовка/ажурирање на техничката документација за нови/надградаба на постоечките модули на системите во ЕРП доменот
- Да учествува во подготовката на извештаи, прирачници и други документи за статусот, работењето и одржувањето на модулите во системите во ЕРП доменот
Способности и вештини:
Добри вербални и комуникациски способности, Проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, доверливост, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност,
Тимска работа, способност за планирање и реализација на цели
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк
http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши Соработник за апликативни решенија во ERP Домен
Огласот ќе биде објавен на ден 21.11.2017 година и ќе трае до 27.11.2017 година
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00 часот
Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 28.101.00 денари