Агенцијата за филм распиша нов конкурс за финансирање проекти, откако го поништи тој од февруари
Подготвил:
Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk
Откако пред две недели го поништи стариот конкурс, Агенцијата за филм денеска распиша нов конкурс за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен филм, документарн и анимиран филм за 2017 година. Продуцентите можат
да аплицираат до 7 декември, а сумите што ќе може да ги добијат се истите што се нудеa и на претходниот конкурс.
Сцена од „Ослободување на Скопје“
Конкурсот што беше распишан во февруари од претходната директорка на Агенцијата, Мими Ѓоргоска-Илиевска, актуелниот в.д директор Горјан Тозија го поништи, поради неколку нерегуларности.
Според одлуката за поништување, конкурсот законски требало да се распише во јануари, а тоа било направено во февруари. И со оглед на тоа дека обврска на Агенцијата е да одлучува два пати годишно по конкурсот за поддршка за филм (април и октомври), во април не била донесена одлука за проектите, стои во одлуката за поништување.
- На учесниците на конкурсот им е спречено правото доколку проектот им бил одбиен во првиот рок на одлучување, да достават нова пријава за филмскиот проект во вториот рок на одлулување – стои, меѓу другото, во одлуката на Агенцијата за филм.