Дали човекот навистина слетал на месечината?

Дали човекот навистина слетал на месечината?



„Дали слетавме на Месечината?“ е насловот на предавањето кое утре Скопското астрономско друштво ќе го одржи во амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.
- Ако сакате да дознаете нешто повеќе за една од најголемите енигми во астрономијата, што скоро 40-тина години ги инспирира луѓето да истражуваат и да пишуваат за неа, дојдете на предавањето – поканува Друштвото.

На предавањето ќе бидат проанализирани многу од конспиративните теории, кои велат дека човекот никогаш не ја посетил Месечината, потоа зошто поткрепувачите на овие теории веруваат во ова тврдење, но и научните докази кои го тврдат спротивнoто. Ќе дознаете зошто се вее, или не, американското знаме на површината на Месечината, зошто астронаутите имаат повеќекратни сенки, како се снимени дел од кадрите при полетувањето на лунарниот модул и многу други интересни теории, кои треба на едноставен начин да го разјаснат ова интересно прашање. Билетот чини 100 денари, додека членовите на Скопско астрономско друштво и студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ ќе плата само 50 денари, но мора да покажат членска карта или индекс.