Министерството за труд и социјална политика објавува оглас за вработување

Министерството за труд и социјална политика објавува оглас за вработување

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
Објавува
Барање за изразување на интерес за позиција
„Консултант за проценка на трошоци на предлозите за реформа на
системотза социјална заштита"
(реф. бр. МК/УПН 2. 1. 71)

Име на проект: Проект за условени парични надоместоци (УПН Проект)
Кредит Бр: 7735 -МК
Консултантски услуги - Индивидуален консултант


На Република Македонија и е одобрен кредит од страна на Светска банка за потребите за реализација на Проектот за условени парични надоместоци. Дел од овие средства ќе бидат искористени за плаќање на обврските што ќе произлезат од договорот што ќе се склучи за ангажирање на Консултант за проценка на трошоци на предлозите за реформа на системот за социјална заштита.

Консултантот ќе биде одговорен за пресметка на трошоците на различните предлози за реформа на системот за социјална заштита дадени од страна на воспоставената работна група.

Потребни квалификации:
Магистерски или докторски студии од областа на економија, математика или слична област,
Искуство со користење на статистички софтвер (ЅРЅЅ или Stata),
Искуство со користење на квантитативни методи, особено микросимулациски модели,
Искуство со пресметки на квантитативни податоци врз основа на еквивалентни скали,
Џини индекс и сл,
Искуство во користење на базата на микроподатоци SILC (Study of Income and Living Conditions) при Државниот завод за статистика,
Познавање на мултиваријатни статистички методи,
Искуство во анализа и евалуација на паричните надоместоци од социјална и детска заштита ќе се смета за предност,
Одлична вербална и писмена комуникација на англиски и македонски јазик.

Консултантот ќе биде избран согласно процедурите на Светска банка дадени во Упатство на Светска Банка „Избор и вработување на консултанти од позајмувачите на Светска Банка, од мај 2004, ревидирано во октомври 2006" достапно на следната веб страна: www.worldbank.org.

За дополнителни информации може да се обратите во Единицата за управување со УПН Проектот, емаил: sanja.andovska@mtsp.gov.mk.

Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат бараните квалификации да достават документи со кои ја потврдуваат својата квалификуваност (биографија на македонски и англиски јазик, препораки и слични документи).

Д окументите со кои се изразува интерес мора да бидат доставени најдоцна до 29. 11. 2017 година електронски на маил адресата: sanja.andovska@mtsp.gov.mk или по пошта на следната адреса: Министерство за труд и социјална политика, Проектот условени парични надоместоци (УПН проект), Даме Груев 14, 1 000 Скопје, Република Македонија, со назнака: за јасмина |овановска, директор на УПН проект, (реф. бр. 2. 1. 71)