Оглас за вработување во Македонски Телеком! Локација: Битола

Оглас за вработување во Македонски Телеком! Локација: Битола

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Тим Запад во Служба за директни продавници во Сектор за приватни корисници во Област на главниот комерцијален директор

Работно место: Виши менаџер на продажно место - Битола


Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
- Високо или Вишо образование - Технички факултет, Економски факултет или останати факултети
- 1 - 3 година соодветно работно искуство
- Добро познавање на англиски јазик

Работни задачи:
- Координација и хармонизација на продажните процеси во Продажното место, според Бизнис плановите и стратегијата на компанијата
- Координација на продажниот тим и процесите во Продажното место, во насока на исполнување на зададените продажни цели и зголемување на задоволството на корисниците на компанијата кои го посетуваат Продажното место
- Да врши зголемување на нивото на up-sales/cross-sales во Продажното место, преку проактивно нудење на сите корисници кои ќе го посетат продажното место на некоја дополнителна услуга, дополнителна опрема
- Да врши редовна контрола на процесот на набавка на уреди и артикли за продажба во Продажното место, да врши редовни пописи на состојбата на лагер во продажното место на компанијата. Да известува за сите воочени неправилности и отстапувања
- Да врши контрола на севкупното материјално и финансиско работење на Продажното место, на уплатата на дневниот промет, на работата со готовина, во согласност со инстрикциите и процедурите за работа во комапнијата. Да известува за сите воочени неправилности и отстапувања
- Да обезбедува максимално ниво на услужливост, љубезност и професионалност на продажните асистенти во Продажното место. Да ги следи повратните реакции на корисниците на ICCA порталот, да обезбедува повратни јавувања кон корисниците во случај на евентуални проблеми и да обезбедува остварување на целите за ICCA таргетот
- Да ја организира сменската работа, да обезбедува почитување на работното време на Продажното место и продажните асистенти, да одржува редовни состаноци со продажниот тим во насока на подобрување на тимската работа, услугата кон корисниците и остварувањето на зададените продажни цели
- Колектирање и анализа на извештаите кои се поврзани со работата на Продажното место, на дневна, неделна и месечна основа и предлагање и преземање активности по истите
- Анализа на добиените информации во врска со остварената продажба на Продажното место, предлагање на мерки за нивно унпаредување, проактивно таргетирање на потенцијални нови корисници

Способности и вештини:
- Комуникативност, тимска работа, организациски способности, инвентивност, преговарачки способности, способност за решавање на проблеми, аналитичност, креативност

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши менаџер на продажно место - Битола

Огласот ќе биде објавен на ден 22.11.2017 година и ќе трае до 04.12.2017 година

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во смени.

Предвидена е основна нето плата во износ од 20.456,00 денари, бонус за продажба и додатоци на плата согласно комапниските регулативи

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.