Во Битола се одбележува Денот на албанската азбука

Во Битола се одбележува Денот на албанската азбука



Со посета на Музејот на албанската азбуката во Битола денеска ќе почне одбележувањето на 22 Ноември, Денот на албанската азбука. Целиот настан ќе заврши вечерва со свечен концерт кој се организира секоја година по овој повод. Ќе присуствуваат истакнати личности од албанската заедница, претставници од Владата и од меѓународната заедница.

Така ќе им оддадат почит на доајените на образованието на албанскиот јазик. Вчера во Битола се одржа научна трибина на која учествуваа истражувачи на албанологијата од државни институции во Македонија, Косовo и од Албанија. Сите одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој била востановена албанската азбука.