20 години КПМГ во Македонија, Срѓан Ранѓеловиќ именуван за нов партнер

20 години КПМГ во Македонија, Срѓан Ранѓеловиќ именуван за нов партнер

Лектор: Ивана Кузманоска

Водечката фирма за професионални услуги КПМГ во Македонија вчера одбележа два значајни настани: својата дваесетгодишнина и именувањето на новиот партнер, г. Срѓан Ранѓеловиќ, со концерт на Македонската филхармонија со наслов “Charlie Parker with strings”. Овој концерт беше изведен премиерно во нашата земја и ја нагласува поддршката што КПМГ ја дава за културата и уметноста во Македонија.



На прославата присуствуваа многубројни клиенти и ценети гости на КПМГ во Македонија, вклучувајќи го и претставникот на Бордот на КПМГ за Централна и Источна Европа и раководниот партнер на КПМГ во Бугарија, г-ѓа Гергана Мантаркова, како и поранешни и сегашни вработени на КПМГ во Македонија.

Честитајќи го овој значаен јубилеј, г-ѓа Мантаркова рече: „Водени од вредностите на КПМГ за извонредност, доверба и посветеност кон клиентите, КПМГ во Македонија изгради силен тим со големо знаење и искуство, кој освен во Македонија учествува и во многу меѓународни проекти во регионот, применувајќи ја својата експертиза и градејќи репутација во различни сектори и индустрии“. По повод именувањето на новиот партнер, г-ѓа Мантаркова изјави: „Особено сум горда на практиката на КПМГ да именува локални партнери како признание за нивниот квалитет, посветеност и постојаниот придонес“.

Во својот говор г-ѓа Гордана Никушевска изјави: „КПМГ во Македонија е основана во 1997 година како дел од големото семејство на КПМГ во целиот свет. Со тоа во Македонија се донесе големото меѓународно искуство и know-how на КПМГ, една од најголемите светски ревизорски и консултантски куќи, со што се придонесе за развојот и приближувањето на нашите клиенти кон најдобрите практики. Со ангажманите, еднакво и во мали и во големи компании, како и со учеството во многубројни проекти од јавниот сектор, ние придонесуваме во заедницата и влијаеме врз економијата на нашата земја во целост“.



Новоименуваниот партнер, г. Срѓан Ранѓеловиќ, се осврна на основните елементи на визијата на КПМГ: луѓето, клиентите и јавноста. „Ние ќе продолжиме да се залагаме КПМГ и во иднина да ги има најдобрите луѓе и да биде работодавец од избор за голем број студенти и млади луѓе. Се надевам дека КПМГ и во наредните години ќе биде едно прекрасно место за работа и за градење кариера на многу успешни професионалци“.



За КПМГ

КПМГ е глобална мрежа на професионални фирми кои обезбедуваат ревизорски, даночни и консултантски услуги. Ние работиме во 152 земји и имаме повеќе од 189.000 вработени во фирмите-членки низ целиот свет. Независните фирми-членки на мрежата на КПМГ се асоцирани со КПМГ Интернешнл кооператив („КПМГ Интернешнл“), швајцарско правно лице. Секоја КПМГ-фирма е засебно и одделно правно лице и се опишува себеси како такво.

Имаме мултидисциплинарни способности и знаеме како да ги балансираме силата и конзистентноста на глобалната мрежа на КПМГ со посветеноста кон локалните меѓусебни односи и испорачување услуги.

КПМГ во Македонија е основана во 1997 година и во моментот е една од водечките компании што обезбедуваат ревизорски, даночни и консултантски услуги на македонскиот пазар. Во моментот имаме околу 60 посветени професионалци во канцеларијата во Скопје.

КПМГ во Македонија, исто така, е дел од мрежата на КПМГ во Централна и Источна Европа и работи во рамките на КПМГ на Балканот, која ги опфаќа канцелариите на КПМГ во Македонија, Бугарија, Албанија и во Косово.

Во Македонија, КПМГ има традиција на професионализам и интегритет, во комбинација со нашиот динамичен пристап за советување клиенти во дигитално управуван свет.

Покрај нашите клиенти, ние сакаме да бидеме добар корпоративен граѓанин кој прави вистинска разлика за заедниците во кои работиме.