Или ѕвездите се чудни, или 234 вонземски видa се обидуваат да нѐ контактираат

Или ѕвездите се чудни, или 234 вонземски видa се обидуваат да нѐ контактираат

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Дилемата дали постојат вонземјани опстојува долго време. Секојпат кога телескопите ќе регистрираат некаква мистериозна енергетска флуктуација прво на што се помислува е дали конечно сме откриле вонземски сигнал?


Двајца астрономи од Универзитетот „Лавал“ во Канада создале студија за која анализирале спектар од 2,5 милиона ѕвезди. Од нив пронашле 234 што создаваат чуден сигнал. Велат дека тие сигнали го имаат истиот облик како ЕТИ-сигнал, кој бил предвиден во претходна студија. Овие 234 ѕвезди не се случајни, туку се во „Ф2“ и „К1“ спектарот. Ова е важно бидејќи има мал опсег центриран околу спектарот на нашето Сонце. А нашето Сонце е единственото околу кое знаеме дека има интелигентни видови што живеат во негова близина. Ако нашето има, тогаш можеби има и кај другите.

Авторите утврдиле 5 потенцијални причини за нивните откритија: инструментални и ефекти за намалување на податоци, ротациски транзиции во молекули, трансформација „Фуриер“ на спектрални линии, забрзани пулсирања и ЕТИ-сигнал предвиден од студијата „Бора“. Ги отфрлиле молекулите или пулсирањата како причини, како и формирањето на сигналите од „Фуриер“ анализата. Па, остануваат 2 можни извора за детектирање на сигналите. Или се резултат на инструментот „Слоан“ и на намалувањето на податоците или се сигнал од вонземски интелигентен вид.

Сигналите се пулс на светлина одвоена од константен временски интервал. Експертите велат дека иако не е многу веројатно, сепак има можност сигналите да се резултат на висока чудна хемиска композиција во мала фракција од галактичките хало-ѕвезди.

Двајцата астрономи откриле и мал број ѕвезди што се многу слични со нашето Сонце, кои изгледа дека се извор на пулсирачки сигнали. Овие сигнали се исти како и оние што се предвидуваат ако технолошкото општество користи моќни ласери за да комуницира со далечни ѕвезди.

Се планира и понатамошно работа за да се бара интелигентен живот во универзумот. Ќе се користат понапредни телескопи и опсерватории за да се анализираат овие 234 ѕвезди.