Охридски нуркачи документираа потонати бродови од Првата светска војна

Охридски нуркачи документираа потонати бродови од Првата светска војна

Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска

Лектор: Ивана Кузманоска

ezero
Фото: Нуркачки клуб „Акватек“

Еден век се стари бродовите во Охридското Езеро што нуркачите ги истражуваа деновиве. Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ ги истражуваа и ги документираа бродовите од Првата светска војна.

- Се претпоставува дека биле намерно потопени. Бројот на бродовите не е точно утврден и досега не се доволно документирани. Тоа остава простор за понатамошно истражување. Познати се многу информации поврзани со овие бродови, како нивниот произведувач и тоа дека биле користени за транспортирање на голем товар – велат од „Акватек“.

Бродовите се наоѓаат на крајбрежјето на Струга и се на длабочина помеѓу 6 и 7 метри, на оддалеченост од околу 1 километар од крајбрежјето. Екипата на „Акватек“ заедно со подводниот археолог Никола Паскали ќе продолжи со истражување, документирање и промовирање на овој локалитет.