Првите шпекулации за осмата сезона на „Игра на троновите“ - претстои голема битка?

Првите шпекулации за осмата сезона на „Игра на троновите“ - претстои голема битка?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

винтерфел

Веб-страницата „Вачерс он д Вол“ најавува дека се конструира сетот за Винтерфел во Ирска, а на сетот се вклучени и Недопрените на Денерис кои пристигнуваат на Север - сега вооружени со Драгонглас, откако Џон доби дозвола да ги ископа резервите на Драгонстоун.

Иако сцените со битката допрва треба да се снимаат, во кои ќе биде претставена опсадата на Винтерфел од страна на Белите шетачи, веб-страницата и понатаму шпекулира дека битката е неизбежна, со оглед на тоа какви екстериери се градат за замокот, што укажува на тоа дека се планираат сцени поставени во и близу Винтерфел.