Тест што трае 5 часа - услов за вработување во државен сектор во Кина

Тест што трае 5 часа - услов за вработување во државен сектор во Кина

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Годишниот тест е првиот чекор до добивање на посакуваните работни места во владата. Овие позиции можат да обезбедат долгорочна стабилност. Во Кина, вработените во државниот сектор имаат поголеми здравствени придобивки и пензии. Некои дури добиваат бесплатни оброци и сместување. Сите кандидати треба да бидат државјани на Кина со диплома од колеџ и да бидат на возраст од 1 до 35 години.

фотоизвор: Getty Images

Тестот што го полагаат има 2 дела: тест за способност со 135 прашања со повеќе понудени одговори, по математика, светски информации, јазик и логика (трае 2 часа). Оние што го полагаат тестот имаат уште дополнителни 3 часа за да напишат есеј. По тестот, успешните кандидати продолжуваат на специјализирани тестови и интервјуа за специфични оддели.

Оваа година одобрување за полагање на тестот добиле 1,38 милион луѓе. Тестот ќе се одржи на 10 декември, а има слободни 28.533 работни места. Во 2016 година најпопуларната работна позиција привлекла околу 10.000 кандидати. Бројот на кандидати постојано расте, но и на слободните работни места, најмногу поради тоа што голем број работници се пензионираат.

Стабилноста во владините работни позиции ги тера луѓето во толку голем број да се пријавуваат, па често се случува и многу кандидати да бидат преквалификувани за работната позиција. Сепак, платите не се најдобри, односно во 2015, на пример, работниците на најниска позиција во владата добивале по 212 долари месечна плата.

Кинескиот тест за влез во државниот сектор не е модерен изум. Повеќе од 1.200 години Кина спроведувала испитувања за позиции на секое административно ниво. Целта била да се охрабри вработувањето, кое е базирано на способности, а не на семејни врски или заднина.

Кина не е единствената земја во Азија што спроведува тестови за влез во државниот сектор. И Филипините имаат слична практика, како и Јужна Кореја. Во Кина и во Кореја исто така се спроведуваат и масовни тестови за влез на универзитетите.