Најсмртоносната граница во светот

Најсмртоносната граница во светот

Подготвил: Маја Пероска

Агенцијата на ОН за миграции потсетува дека по рекордниот број на пристигнувања од 2014 до 2016 година, договорот на ЕУ и Турција го спречи приливот на мигранти во Грција и ги блокираше мигрантите во Либија.


Професорот Филип Фарже од Европскиот универзитетски институт во Фиренца и автор на извештајот рекол дека овие податоци веројатно не го отсликуваат вистинскиот обем на човечката трагедија.

„Најмалку 33.761 мигрант го изгубил животот или исчезнал во Средоземното море помеѓу 2000 и 2017 година“, рекол шефот на агенцијата Хорхе Галиндо. Тој додал дека може да се каже како Средоземното море, како граница на Европа, е најлошата и најопасната на светот.

Од почетокот на годината, околу 161.000 мигранти и бегалци стигнале во Европа по море, а од нив 75% во Италија, а остатокот во Грција, Кипар и Шпанија, според податоците на агенцијата. Истиот извор наведува дека речиси 3.000 други починале или исчезнале.