Неверојатни цртежи направени во „Мајкрософт Ексел“

Неверојатни цртежи направени во „Мајкрософт Ексел“

Подготвил: Тамара Гроздановски

1

Започнувањето на ново хоби обично бара посветеност, време и опрема, но кога 77 годишниот Тацуо Хориучи се пензионирал сакал да започне да црта - интересно е дека наместо четки, бои и платна, тој одлучил да ја искористи апликацијата веќе инсталирана на неговиот компјутер, „Мајкрософт Ексел“.

Потпирајќи се на способноста на бизнис софтверот да генерира шарени графикони што се користат за илустрирање на податоците, Хориучи го користи „Ексел“ како што Микеланџело користел бои и четки.