Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Како да зборувате со некој што не верува во климатските промени?

 
промени
Фото: iStock

Не секој разговор со човек што ги негира климатските промени мора да води до повишен глас и повредување на чувствата. Еве како треба да водите конструктивен разговор со ваква личност.

„Климатските промени станаа една табу-тема - како сексот, политиката и религијата“, вели Ентони Лезеровиц, директор на програмата за климатски промени на „Јејл“. „Всушност, повеќето од нас се подготвени, па дури и заинтересирани да разговараат за тоа, но нивната перцепција е дека другите луѓе не сакаат“.

Ова се неколку совети како би можел да се одвива разговорот.

1. Поставете им го вашиот аргумент

Сите ние сме имале момент кој нè натерал да веруваме во климатските промени - сте виделе фотографии од ледениот мраз на Арктикот или сте забележале дека пролетта доаѓа сè порано и порано.

Но една од нашите најголеми грешки е претпоставката дека и другите на ист начин ќе одговорат на тоа и ќе биде фрустрирани.

„Доминантниот начин на комуникацијата за климатските промени е да се држите настрана од истите аргументи со кои ги прашувате: Зошто не го прифатиш ова? и Што не е во ред со тебе? Колку повеќе го правите тоа, толку повеќе ќе ја активирате нивната одбрана“, вели Лезеровиц.

2. Кажете им зошто сте загрижени за климатските промени

Многумина од нас чувствуваат потреба да ги презентираат своите најдобри докази за климатските промени; но наместо тоа, треба да започнеме да споделуваме приказни од нашите животи.

„Може да ви ги оспорат фактите, но не може да хи оспорат вашата приказна и вашите чувства“, вели Лезеровиц.

3. Охрабрете дела поврзани со климатските промени

Сите - дури и луѓето што мислат дека климатските промени се измама спроведена од ОН, имаат луѓе, места и хобија за кои се грижат. Покажете им некои лесни начини со кои усвојувањето на про-еколошкото однесување би можело да биде „рамо до рамо“ со нивните страсти.

Штедливи се? Кажете им дека со изборот на зелени опции, како хибридните возила, би можеле да заштедат пари. Исто така, доколку имаат деца, покажете им дека со поддржување на напорите за спречување на крајбрежна ерозија еден ден ќе можат да ги однесат нивните деца на плажите што ги сакаат.

4. Прифатете мали чекори во вистинската насока


Не може да очекувате дека после еден разговор вашиот пријател/роднина/познајник ќе го промени мислењето за климатските промени. Очекувајте мали промени - но иако се мали, тие може да се поголем чекор кон уште поголема трансформација.

 
Објавено на 04.12.2017 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook