Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Уред за тестирање вода - 11-годишно девојче наградено за својот изум

 
Единаесетгодишната Гитанџали Рао заработила 25.000 долари за нејзиниот изум. Сега ќе соработува со специјалистот за истражување Кејтлин Шафер за да продолжи со развивањето на нејзината идеја. Идејата е да се овозможи брз и евтин начин за тестирање на водата дали содржи олово.

фото извор: Discovery Education

Нејзина инспирација за проектот е кризата со вода во Флинт, Мичиген. Тестирањата што во моментов се користат се ограничени и не се доволно сигурни. Девојчето живее во Лоун Три, Колорадо, каде што исто така има проблем со олово во водата за пиење. Во проектот таа користи јаглеродни наноцевки кои се чувствителни на проток на електрична енергија. Креирана е и апликација која може да се преземе на паметен телефон.

фото извор: curiosity.com

Девојчето неодамна беше прогласено за најдобриот млад научник во Америка. Таквиот натпревар започнал уште во 2012 година, откога се избираат млади и надежни лица што сакаат да го променат светот. Во 2012 г. победник беше Дипика Куруп, која креирала систем за прочистување на водата со користење сончева енергија. Во 2013 година Пејтон Робертсон создала песочна торба која е наменета за поплавување со солена вода. Исто така, наредните години биле презентирани системи за подобрување на животната средина, како батерии што не загадуваат и генератори за енергија.
 
Објавено на 05.12.2017 во категорија Наука
Подготвил: М.П. / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook