Човекот што фрлил во депонија биткоини вредни 80 милиони долари

Човекот што фрлил во депонија биткоини вредни 80 милиони долари

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

bitkoin

Џејмс Хауелс е британски ИТ-работник и еден од првите инвеститори во биткоин. Меѓутоа, сега го има секое право да биде најлутиот човек во светот.

Во февруари 2009 година Хауелс влегол во бизнисот на криптовалути. Со неговите компјутерски напори, успеал да собере само 7.500 биткоини, изнервиран од бучавата што ја произведувал неговиот хардвер при собирањето на парите. Тогаш оваа криптовалута не вредела ништо.

Поголемиот дел од опремата што ја користел била продадена за отпадоци откако истурил лимонада врз неа, а хард дискот што го содржел клучот за неговиот дигитален паричник седел во фиока три години пред да заврши в ѓубре.

Кон крајот на 2013 година Хауелс ги зел акциите од криптопазарот - зажалил за неговата избрзана одлука за чистење. Во тој период биткоинот почнал да ја зголемува својата вредност, а изгубените 7.500 биткоини на Хауел вределе милиони. Четири години подоцна тој сè уште не може да си прости. Со оглед на тоа што еден биткоин во моментов се проценува на 11.500 долари, Хауел буквално испратил во депонија богатство од над 80 милиони долари.

Сега тој целосно е посветен на пронаоѓање на хард дискот од лаптопот, кој можеби би функционирал. Сепак, Хауелс не знае точно во која депонија се наоѓаат неговите милиони.