Вработување во Македонски Телеком АД Скопје..Отворени се 3 (три) работни позиции

Вработување во Македонски Телеком АД Скопје..Отворени се 3 (три) работни позиции

1. Виши Соработник за развој на Packet core мрежа 
2. Соработник за развој на нестандардни услуги
3. Соработник за конфигурација од доменот на деловни услуги

Служба за транспортни и ИП платформи / Сектор за Телекомуникациска мрежа и сервисни платформи / Област на Главен директор за техника и ИТ

Работно место: Виши Соработник за развој на Packet core мрежа

Замена за вработенa коja  е на породилно отсуство
 
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
-    Високо образование , Технички факултет – Електротехника,Телекомуникации или останати факултети
-    1-3 години соодветно работно искуство
-    Добро  познавање на англиски јазик

Работни задачи:
-    Изработува технички решенија за развој на  основна пакетска мрежа и останатите мрежни елементи поврзани со неа (PCRF,OCS,DNS,AAA, HSS, MRFP, MRFC, CSCF, MGC/MGW, SBC,..…), заради навремено обезбедување на технолошки предуслови и мрежни ресурси за реализација на сите телекомуникациски услуги неопходни за реализација на  Бизнис планот на компанијата
-    Изработува проектна документација за имплементација на техничките решенија за развој на  основна пакетска мрежа заради создавање услови за правилна имплементација на проектите со цел обезбедување на технолошки предуслови и мрежни ресурси за реализација на сите телекомуникациски услуги
-    Изработува редовни извештаи за капацитивно  и сообраќајно искористување и мониторинг на КПИ и Квалитет на Сервис на основна мрежа заради реализација на сите телекомуникациски услуги неопходни за реализација на  Бизнис планот на компанијата.
-    Учествува во тимови за проценка на опрема, производители и изведувачи во сегментот на основна пакетска мрежа и сервисни платформи и останати сегменти по потреба заради избор на најсоодветна опрема и добавувач на истата.
-    Врши ажурирање и администрација на IP адресен простор,сигнални точки и други релевантни конфигурациски податоци во основна пакетска мрежа и  изработка на налози до Секторот за мрежни и услужни активности за реализација на истите  со цел обезбедување на услови за реализација на сите телекомуникациски услуги согласно Бизнис планот на компанијата
-    Ја следи состојбата на минималниот сет на залиха во делот на  основна пакетска мрежа и дава предлози за негова оптимизација за обезбедување на услови за непречено реализирање на сите телекомуникациски услуги.
-    Изработка на анализи и извештаи за рутирање и оптимизација на пакетскиот сообраќај.
-    Учествува во тестови за контрола на квалитет при имплементација на нови IP&Data/Интернет/Деловни платформи, со што придонесува кон правилно работење на услугите и подготвува предлози за унапредување на истите.

Способности и вештини:
Комуникациски и аналитички способности, одлични вештини за пишување на извештаи, способност за работа под притисок, способност за работа со кратки крајни рокови, тимска работа.   

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Виши Соработник за развој на Packet core мрежа

Огласот ќе биде објавен на ден 06.12.2017 година и ќе трае  до  20.12.2017 година.

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00,

Минимумот на предвидената вкупна  нето плата  со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  28.101,00  денари

Висината на платата  ќе биде определена согласно  работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

Служба за услуги за деловни корисници и осигурување на квалитет / Сектор за Телекомуникациска мрежа и сервисни платформи / Област на Главен директор за техника и ИТ
                                                        
Работно место: Соработник за развој на нестандардни услуги
    
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
-    Високо или Вишо образование , Технички факултет – Електротехника, Телекомуникации, Информатички технологии или останати факултети
-    0-1 година соодветно работно искуство
-    Добро  познавање на англиски јазик

Работни задачи:
-    Анализа на барањата од Продажба за изготвување на технички решенија за нестандардни услуги
-    Компарација на барањата со слични барања и користење на претодно изработени решенија
-    Изготвување на специфично решение, проверка на истото во раки на техника, координација со Продажба и обезбедување на потврда дека техничкото решение е согласно барањето и потребите не деловниот корисник
-    Согласно потребите излегува на лице место и обезбедува релевантни податоци од самото место каде треба да се обезбеди услугата
-    Ги разгледува алтернативите за обезбедување на услугите, како од аспект на отпимизација на решението така и од временски аспект. По потреба изготвува и привремени решенија доколку временската рамка за реализација на финалното решение не е во склад со потребите на деловниот корисник
-    Обезбедува оптимизација на CAPEX/ OPEX трошоците на техничките решенија
-    Подготвува корпоративни технички решенија  за обезбедување на нестандардни услуги со што учествува во исполнувањето на целите на организациската единица и на Областа за продажба, а се однесуваат на продажба на услуги на деловни корисници, домашни и странски оператори
-    Подготвува корпоративни технички решенија  за обезбедување на нестандардни услуги согласно барањата за учество на тендери со што учествува во исполнувањето на целите за продажба на услуги на компанијата
-    Ги хармонизира подготвените прилагодени корпоративни технички решенија за обезбедување на нестандардни услуги со други области во компанијата како и во рамките на Областа на техника, дали се во согласност со стратегијата на компанијата, планот за развој на мрежи и функционирањето на оперативните системи, а со цел исполнување на поставените целни вредности во рамките на интерните регулативи и таргетите на организациската единица
-    Активно учествува и го следи процесот на имплементацијата на прилагодените технички решенија

Способности и вештини:
Способност за самостојно решавање на проблеми, комуникативност, кооперативност, тимска работа, организираност и сл.

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Соработник за развој на нестандардни услуги

Огласот ќе биде објавен на ден 06.12.2017  година и ќе трае  до  20.12.2017 година

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00

Минимумот на предвидената вкупна  нето плата  со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од  25.664,00 денари

Висината на платата  ќе биде определена согласно  работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

Служба за телекомуникациски мултисервисни платформи во Сектор за телекомуникациска мрежа и сервисни платформи во Област на главниот директор за техника и ИТ                                                       

Работно место: Соработник за конфигурација од доменот на деловни услуги
    
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
-    Високо образование - Технички факултет – Електротехника, Телекомуникации или останати факултети
-    0-1 година соодветно работно искуство
-    Добро познавање на англиски јазик
-    Напредно познавање на MS Office

Работни задачи:

-    Одговорен за имплементација на оперативната стратегија за платформата за Managed  Unified Voice Services
-    Врши контрола и администрација на кориснички уреди (HNM)
-    Следење на квалитетот и перформансите на претплатничките линии, со помош на софтверската алатка ALAT, генерирање на извештаи и предлагање на мерки за подобрување
-    Реализира налози за сервиси за бизнис и масовни корисници, партнери на  компанијата за кои се потребни покомплексни подесувања  на параметри во корисничка опрема
-    Вклучен во делот на планирање, извршување како и контролирање на активности за групна администрација на уредите на корисниците за да се обезбеди квалитетна услуга
-    Учествува во технички прием на мрежни елементи од HNM и  Managed Unified Voice Services како и нови услуги за сервисни платформи и услугите базирани на истите
-    Учествува во интервенции за отстранување на пречки од второ ниво со цел обезбедување континуитет на Managed  Unified Voice Services сервисите како и останати сервиси кај корисниците
-    Учествува во реализација на SIP-Trunk сервиси на IMS платформата и решавање на проблеми од второ ниво
-    Го анализира квалитетот на сервисите поврзани со платформата  за  Managed Unified Voice Services како и квалитетот на сервисите поврзани со HNM платформата
-    Учествувва во извршување на активности со цел намалување како и спречување на испади  на корисничките уреди
-    Учествува во активности поврзани со работа и одржување на OSS системи за управување со налози, инциденти, промени и проблеми.

Способности и вештини:
-    Добри вербални и комуникациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност, тимска работа.

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Соработник за конфигурација од доменот на деловни услуги