Ќе се вработуваат наставници во основнo и во средно, а ќе пораснат и блок-дотациите за општините

Ќе се вработуваат наставници во основнo и во средно, а ќе пораснат и блок-дотациите за општините

Подготвил: С.Ѓ

Ќе се зголемат блок-дотациите за училиштата, а ќе има и нови вработувања на наставнички кадар во основните и средните школи, најави министерката за образование Рената Дескоска, на денешната прес-конференција на која го образложи предлог-буџет за 2018 година.
Таа одговараше и на други горливи прашања во нејзиниот ресор.

фото: МИА

Сите учебници во кои се забележани, невистинити факти, дискриминаторски содржини и говор на омраза, предрасуди и стереотипи периодов ги проверува комисија во Министерството за образование и наука.

- Ревизијата нема да биде ревизија на факти, туку на невистинити факти. Некои работи што се случиле, ниту јас, ниту кој било друг не може да ги бриши од историјата – рече ресорната министерка.
Во врска со „Kембриџ“- програмата, таа истакна дека не може да се каже дали тој ќе биде исфрлен од прво одделение.

– Од анализите на работната група кои се веќе готови и ќе бидат презентирани во понеделник, ќе се види дали учебниците по „Кембриџ“ се компатибилни со наставните планови. Ако има компатибилност, ќе може рамноправно да конкурираат со другите учебници, а ако не, ќе отпаднат - рече Дескоска.

На прашањето дали ќе се намали бројот на ученици во паралелките, министерката информира дека согласно законските измени нема да се лимитира бројот на деца, но ќе се тежнее бројот на ученици во паралелките да биде максимум 24.

На прашањето во врска со недостигот на учебници по некои предмети, Дескоска рече:

– Во одредени училишта лоциравме директори кои не доставиле соодветна нарачка за учебниците. Некаде недостасуваат учебници кои не се преведувани до сега. Јас не можам во периодот од стапување на должност да напишам учебник и да го преведам на јазик на етничките заедници, нагласи Дескоска.