Кои се најбогатите држави во Европа?

Кои се најбогатите држави во Европа?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

1
Фото: Jakub Marian

Картографот Јакуб Мариан објави нова мапа на која е прикажано средното богатство по личност во Европа.

Податоците за анализирање се земени од „Кредит Суис“, објавени годишно во нивниот извештај за богатство.

Според Мариан, „Кредит Суис“ го мери богатството со додавање на вредноста на финансискиот и нефинансискиот капитал, а потоа одземајќи го долгот.

Мапата ја прикажува средната вредност на ова богатство, по жител во земја, во американски долари.

Најбогатата земја во Европа е Исланд (445.000 долари), потоа се Швајцарија (229.000 долари) и Луксембург (168.000 долари). На последно место се најдоа Украина (100 долари) и Белорусија (900 долари).