Оглас за вработување во Џонсон Мети - Проектен инженер / Project Engineer

Оглас за вработување во Џонсон Мети - Проектен инженер / Project Engineer

Оглас за работа: Проектен инженер / Project Engineer
Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 2017203

Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Проектен Инженер (Project Engineer) кој ќе му се придружи на тимот за континуирано подобрување во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.

Позицијата подразбира ангажман при реализација на капитални и проекти за подобрување на производствениот процес на Џонсон Мети, а за својата работа ќе поднесува извештаи на Менаџерот за континуирано подобрување.
 
Главни одговорности
•    Подготовка на цртежи, спецификации и останата документација која е потребна за реализација на проектот
•    Организација и следење на процесот за издавање градежни дозволи и одобрувања
•    Супервизија на активностите на изведувачите со цел квалитетно изведување на сите фази од проектот
•    Следење на градежни дневници, книги и ситуации
•    Спроведување на  стандардите за  Здравје, Безбедност и Заштита на животна средина и постојано следење на почитувањето на истите
•    Спроведување на проектниот план и навремено ескалирање доколку има ризик од доцнење на активностите
•    Одржување на следливост на документацијата и известувањето за проектите и активностите
•    Организирање на процес и активности за добивање на Одобрение за употреба на објекти/ опрема
•    Водење на процесот на примопредавање на објектите / опремата 

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
•    Универзитетска диплома (Градежништво, Архитектура, Машинство или друга техничка насока)
•    Пожелно е да има Овластување А за Проектирање и/или Изведба и/или Надзор
•    Познавање на Закон за градење, Закон за слободни економски зони и останатите важечки Правилници и регулативи
•    Работно искуство на иста или слична позиција
•    Разбирање и подготовка  на цртежи и спецификации.
•    Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот, AutoCAD и други CAD софтвери..
•    Способност и искуство во решавање на проблеми, аналитички и организациски способности.
•    Способност за координирање на активности на различни инженери и тимови.
•    Високо ниво на комуникациски способности.
•    Професионално ниво на владеење на англискиот и македонскиот јазик.

Позицијата подразбира повремена работа за викенди!
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.

Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија на e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање: 15 Декември 2017