Вработување во Шпаркасе Банка...Почетна плата од 62.000 денари нето

Вработување во Шпаркасе Банка...Почетна плата од 62.000 денари нето

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:
ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВА (1 позиција, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- ВСС, Економски факултет;
- 5 години банкарско работно искуство од областа на управувањето со средства и ликвидност и тргување на различните финансиски пазари;
- Познавања од статистика и математика;
- Активно познавање на работа со персонален компјутер (MS Office, апиликација БИС, платен промет, СВИФТ, интернет);
- Одлично познавање на aнглиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
- Способност за работа во стресни ситуации, способност за донесување на одлуки, работа со големи износи на трансакции, самостојно и брзо донесување на одлуки, изразита комуникативност и доверливост и способност за активно преговарање и тргување, тимска работа, одговорност, организаторски способности.

Опис на работно место/одговорности:
- Овластен е за тргување со девизи со домашни и странски банки во рамките на лимититe за тргување на финансиските пазари;
- Овластен е за тргување на пазарот на пари и тргување со домашни и странски хартии од вредност на примарниот и секундарниот пазар;
- Задолжен е за организирање и функционирање на Секторот;
- Задолжен е за организирање и функционирање на Дневната Комисија за распределба на средства и извори на средства;
- Контакт со странските и домашните банки и финансиски институции во врска со кредитните и FX дилерските линии, како и останата кореспонденција;
- Застапување на Банката на финанансиските пазари, штитење на интересите на Банката и доверливоста на податоците;
- Управување на ликвидноста на целата банка, денарска и девизна, така да банката може да ги изврши сите обврски навремено;
- Одговорност за организација и координација на вкупното тргување со девизи на Банката, кое Банката го врши со банки, финансиски организации и клиенти и одговорност за тргување со ефективни денарски и девизни средства;
- Одговорен за извршување на обврската за задолжителна резерва, лимити за отворена девизна позиција како и останати ораничувања, закони и прописи кои ги носи НБРМ а поврзани со Секторот;
- Учествува во ускладување на Деловните политики и Процедури и управува и се грижи за деловниот развој и обука на соработниците;
- Учествува во креирањето на Одлуките за тарифи и каматни стапки за депозити и пласмани на правни лица и население;
- Изработка на плановите за работа и контрола на извршувањето на плановите
- Ги следи движењата на пазарот , промените на законската регулатива, одлуките од НБРМ, Владата како и други органи кои можат да имаат директни последици врз остварување на целите и задачите на Секторот;
- Активно ја известува матичната банка во Австрија за сите денарски и девизни тековни и идни позиции;
- Ги организира и контролира операциите во делот на тргувањето на Македонска берза, чувар на имот и депозитарна банка;

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата 62.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 15.12.2017 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.