Универзал Медиа - Скопје вработува! Отворени се 2 (две) работни позиции
Universal Media Скопје (UM) е водечка full service медиумска агенција, специјализирана за планирање и закуп на огласувачки простор на сите медиумски платформи за некои од најголемите локални и меѓународни компании. UM Скопје е дел од I&F McCann групата, која вработува повеќе од 600 талентирани професионалци и работи во дванаесет земји во јужна и северна Европа.
За потребите на својот тим во Скопје, агенцијата ги објавува следниве отворени работни позиции:
1. MEDIA ACCOUNT MANAGER
Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се
Минимум три години работно искуство во медиумска агенција
Познавање на софтверите Arianna и MEDIApuls
Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
Универзитетска диплома
Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење
Напредни презентациски и преговарачки вештини
Описот на работното место вклучува:
Реализација на медиумските стратегии на клиентите
Подготовка на извештаи за постигнатите резултати според дефинирани параметри
Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
Супервизија и помош на медиа планерите при сложени прашања и при подготовка на плановите и следењето на кампањите
Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите
Водење на тим и супервизија на работењето на членовите на тимот
Презентации на клиентите и учество на тендери
2. DIGITAL MEDIA MANAGER
Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:
Минимум две години работно искуство во медиумска агенција
Познавање на дигиталните медиуми и трендовите во огласување на дигитални медиуми
Познавање на правилата во областа на дигиталното огласување
Разбирање на принципот на креирање медиска стратегија и подготовка на анализа која служи како основа за стратегија
Искуство со работа на платформите: Google AdWords, Google Analytics и Facebook Ads Manager
Пожелно е искуство со работа на ad serving платформи за огласување на локални веб портали (на пр. Gemius)
Разбирање и толкување на метриките и резултатите од реализирањето на дигитални кампањи и нивно успешно презентирање во форма на извештај
Универзитетска диплома
Одлично познавање на англиски јазик
Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel и PowerPoint
Описот на работното место вклучува:
Креирање стратегии кои вклучуваат закуп и план за огласување на дигиталните медиуми
Надгледување на спроведувањето на стратегијата и управување со буџетот на клиентот за огласување
Анализа на постигнатите резултати од стратегијата и нивна презентација на клиентите
Градење и поттикнување добри / партнерски односи со клиентите и медиумите
Успешно водење на тим
Соработка со тимот за нов бизнис преку претставување на агенцијата на потенцијални клиенти и предлагање дополнителни услуги за постоечките клиенти
Координација и соработка со други агенции (креативни, BTL…)
На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.
Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 15.12.2017 година, на
hr@ifmccann.com.
Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.