Оглас за вработување во Министерството за култура

Оглас за вработување во Министерството за култура

Министерството за култура, врз основа на членовите 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15), a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ" бр. 27/14, 199/14 и 27/201 6), објавува

ОГЛАС
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ HA 1 (едно) ЛИЦЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА
Министерството за култура објавува оглас за вработување на 1 (едно лице преку засновање работен однос на определено време за работното место:

1. Самостоен референт за односи со јавноста, Одделение за поддршка на министерот и односи со јавноста, Сектор за стручна поддршка на министерот и односи со јавноста

Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатот:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забраназа вршење професија, дејност или должност.

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

да имазавршено VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование,
да има познавање на англискиот јазик,
да има познавање на компјутерски програми,
да има најмалку три години работно искуство во струката.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар.


1 Доказ за државјанство на Република Македонија
2. Доказ за општа здравствена способност за работното место
3. Доказ дека со правосилна судска пресуда не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
4. Уверение/диплома за завршен степен на образование
5. Доказ за познавање англиски јазик
6. Доказ за работно искуство
7. Доказ за познавање компјутерски програми
8. Биографија

Распоред на работното време: работни часови во неделата - 40; работно време - од 8:30 до 16:30; работни денови - од понеделник до петок

Паричен износ на основната нето-плата: 15 663 денари

Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следнава адреса:
Министерство за култура на РМ
ул. „Гуро Гаковиќ" бр. 61, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување")

Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Министерството за култура или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување)

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време од 1 година.