Повлечена детска храна на „Лакталис“ и од македонскиот пазар

Повлечена детска храна на „Лакталис“ и од македонскиот пазар

Подготвил: Н.Ф

Агенцијата за храна и ветеринарство, информираат оттаму, добила известување од компанијата увозник на производите на француската компанија „Лакталис”, дека од пазарот во земјава превентивно е повлечена детска храна за доeнчиња „Целија Експерт 2“, со сериски број 17Ц0012838.



Производителот „Лакталис“ и француските власти наредија глобално повлекување на храна за бебиња и млечни производи поради страв од зараза со салмонела.
- Наведената серија на повлечениот производ е здравствено и микробиолошки исправна

и во согласност со законските регулативи на земјата производител и земјата увозник, се вели во известувањето на компанијата увозник пратено до Агенцијата. Со направените испитувања потврдена е микробиолошката исправност на сите серии од производот „Целија“ кои се пласирани на пазарот во Република Македонија. Повлекувањето на производот, како што се вели во известувањето, е направено исклучиво заради претпазливост и со цел намалување на паниката и заштита на потрошувачите по издаденото известување од Министерството за здравство на Франција, Агенцијата за заштита на потрошувачите надлежно за францускиот пазар и препораките на компанијата „Лакталис” - информираат од Агенцијата.