Владата на Република Македонија објавува оглас за вработување

Владата на Република Македонија објавува оглас за вработување

„Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време во Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија“

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Република Македонија бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25, 13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 167/15, 27/16 и 134/16), огласот опфаќа вработување на 1 (едно) лице на определено време за период до 3 1 .12. 2018 година кое ќе работи во Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија и тоа на работно место Соработник - асистент за техничкооперативна подршка на Секретарот.

Кандидатите покрај општите услови предвидени во Законот за работни односи треба да ги исполнуваат и следните посебни услови потребни за вршење на задачите:

1. Вид на образование: најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на економските науки, правните науки или јавна управа и администрација;

2. Работно искуство: најмалку 1 година работно искуство во струката;

3. Лични квалитети: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЈ1ТС со максимум 3 поени, БУЈ1АТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЈ1 ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЈ1 ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЈ1Ф, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.

Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавување, односно најдоцна до 19. 12. 2017 година, до 16:30 часот, a изборот на кандидатите ќе се изврши најдоцна до 22. 12. 2017 година.

Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08:30 - 16:30), a основната нето плата изнесува 22.593,00 денари.

Со пријавата покрај кратка биографија, кандидатите се должни да достават и соодветни докази во оригинал или копија, во поглед на општите и посебните услови и тоа:
Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место;
Потврда за работно искуство кое се бара за работното место;
Уверение за познавање на англиски, француски или германски јазик и компјутерски вештини;
Државјанство;
Уверение дека не е изречена судска забрана за вршење на професијата, дејност или должност.

Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена "Да не се отвара" на следнава адреса: Секретаријат за законодавство на Владата на Република Македонија бул. "Св. Кирил и Методиј" бр. 54, Скопје (со назнака "за оглас")

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана. Кандидатите со уредна документација и кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју во Секретаријатот за законодавство.

Секретаријат за законодавство на Владата на Република Македонија, Контакт телефон 02/3228203