„Нетфликс“ - мета на критики: Ги исмејува своите корисници и сопствената содржина

„Нетфликс“ - мета на критики: Ги исмејува своите корисници и сопствената содржина

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

нетфликс
Фото. ЕРА

Додека многумина плаќаат за членарина за да ги гледаат содржините на „Нетфликс“, компанијата очигледно најмногу се занимава со тоа што гледаат другите.

Имено, на официјалниот профил на „Нетфликс“ беше објавен статус што разлути многу корисници на оваа платформа.

„Ова е за оние 53 луѓе што го гледале „A Christmas Prince“ секој ден во последните 18 дена: Кој ве повредил?“

Никој не е доволно наивен да верува дека „Нетфликс“ нема официјална статистика за гледаноста, но во ерата на дигитализираниот капитализам секако дека не се зборува за тоа.

Корисниците веднаш изреагираа на овој статус и го осудија „Нетфликс“ затоа што ги исмејува своите корисници, а го исмејува и сопствениот производ што очигледно го смета за безвреден.

нетфликс